Источниот дел на Украина остана без струја
Официјални украински извори информираат дека повеќе места во источниот дел на Украина синоќа биле под прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Струја немаше и во вториот град по големина, Харков, но и во регионите Доњецк и Суми во источна Украина. Електрична енергија исто така немаше и во Краматорск, град лоциран во источниот дел на земјата.
Последниот оперативен реактор во нуклеарната централа Запорожје е исклучен откако централата беше повторно приклучена на украинската мрежа, соопшти во неделата нуклеарната агенција на земјата Енергоатом.
„Енергоатом“ соопшти дека една од далноводите била обновена во саботата, со што е можно да се снабдува централата со потребната енергија од енергетскиот систем на Украина и да се исклучи реакторот, објави Си-Ен-Ен.
