Истекува ултиматумот на Трамп до Иран, светот чека разврска во ноќните часови
Американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри реториката кон Иран и порача дека рокот за договор истекува вечерва, без најави за ново пролонгирање. Според неговата последна изјава, крајниот рок е вторник во 20 часот по источно американско време, што за Македонија значи среда во 2 часот по полноќ.
Ултиматумот се однесува на барањето Иран да прифати договор и да овозможи повторно отворање на Ормускиот Теснец, еден од најважните светски енергетски коридори. Трамп предупреди дека, доколку тоа не се случи, можни се нови американски напади врз иранска инфраструктура.
Во меѓувреме, преку посредници се водат обиди за договор, а Иран испратил мировен предлог што Трамп го оцени како значаен чекор, но недоволен за да ја смени американската позиција.
