Истече времето за спас на киднапираниот Хрват
Времето за спас на хрватот Томислав Салопек, кој го киднапираа припадниците на Исламската држава, истече во 17 часот и 35 минути.
За неговиот живот ИСИС побара египетските власти да ги ослободат муслиманските затворенички и даде рок од 48 часа.
Хрватската претседателка Колинда Грабар - Китаровиќ изјави дека телефонски разговарала со египетскиот претседател и правеле се што можат за да го спасат нивниот државјанин.
Министерката за надворешни работи пак, Весна Пусиќ заедно со сопругата на киднапираниот Салопек, вчера отпатуваа во Каиро во обид да преговараат со египетските власти.
Таткото на Салопек, денеска јавно ги замоли киднаперите да го ослободат син му.
„Ве молам пуштете ми го синот да се врати кај своето семејство. Неговиот мотив за одење во вашата татковина е само за да заработи за леб за своите деца. Ништо друго“, - рече тој во неговиот апел до џихадистите.
Инаку, Томислав Салопек го киднапираа на 22 јули, од службеното возило додека одел во француската компанија во која бил вработен во близината на Каиро.
