Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ист производ различни аршини: Епл им се извини на Кинезите!

Ист производ различни аршини: Епл им се извини на Кинезите!
По силните критики од страна на кинеските медиуми минатиот месец за проблемите со кои се соочуваат клиентите во Кина со гаранциите кои ги дава Епл на своите уреди, главниот извршен директор Тим Кук и јавно се извини на Кинезите. На насловната страна на сајтот на кинеската подружница на Епл, во своето писмо Кук соопштува им одговара на критичарите кои го обвинуваат Епл за своето "арогантно и надменно" однесување и незаинтересираност за своите клиенти во Кина. Менаџерот вети подобрување на политиката на концернот за гарантен сервис на „iPhone 4“ и „iPhone 4S“ во земјата. Токму овие два смартфони беа причина за бран на негодување од страна на корисниците во Кина. Клиентите се жалат дека за исти дефекти уредите во САД се заменуваат со нови, додека во Кина се заменуваат само проблематичните делови. Со извинувањето кое беше објавено во понеделникот само на кинески јазик, се истакнува и растечката важност на кинескиот пазар за Епл. По САД токму Кина е втор по важност пазар за концернот. Во писмото Кук објаснува дека компанијата сериозно размислувала за проблемот со гаранциите. Тој се извини за "недоразбирањата што се должат на лошата комуникација со клиентите". „Ние сме свесни дека недостатокот на комуникација доведе до сфаќањето дека Епл е арогантен и не се грижи доволно за повратни информации со клиентите или дека не придава доволно значење на клиентите", пишува Кук во писмото. Компанијата се извиниува за сите грижи или недоразбирања кои ги предизвикуваат правилата за гаранции. Од средината на март Епл е жестоко критикуван од државните медиуми во Кина. Националниот телевизиски канал „China Central Television“обвини дека Епл применува дискриминирачки гарантни услови и практики за клиентите во Кина. Новинарите, исто така, го обвинија Епл дека реагира арогантно и несоодветно на написите во кинеските медиуми.
Слично

Поврзани вести