„Испрати го Барон на фронт!“ – вирална интернет-кампања го предизвикува Трамп
Во екот на американско-израелските воздушни напади врз Иран, на интернет се појави сатирична веб-страница која го повикува американскиот претседател Доналд Трамп да го испрати војска својот најмлад син, 19-годишниот Барон Трамп.
Станува збор за страницата DraftBarronTrump.com, која брзо се прошири на социјалните мрежи, заедно со хаштагот #SendBarron.
Страницата е креирана како сатира и директно го исмејува Трамп, сугерирајќи дека неговиот син треба да биде регрутиран и испратен на фронтот. Во текстовите на страницата иронично се наведува дека Барон има „храброст и силни гени“, а објавени се и фотографии од Трамп во моменти кога изгледа како да дреме.
Проектот го покренал Тоби Мортон, поранешен сценарист на култната анимирана серија „South Park“, познат по создавање сатирични интернет-страници.
На страницата има и апсурдни „изјави“ потпишани со имињата на членови на семејството Трамп, со што дополнително се нагласува сатиричниот карактер на проектот.
Покренувањето на страницата предизвика ширење на хаштагот #SendBarron, преку кој илјадници корисници на социјалните мрежи симболично бараат синот на претседателот да биде регрутиран, исто како и другите млади Американци.
Иако е малку веројатно дека Барон Трамп навистина би бил испратен во војска, интересен детал е дека тој е висок околу 205 сантиметри, што е над максималната дозволена висина за регрутација во повеќето родови на американската армија, каде горната граница е 203 сантиметри.
