Економија, финансии, бизнис

Контакт

Испраќањето европски сили на Гренланд нема да го промени ставот на Трамп

Испраќањето европски сили на Гренланд нема да го промени ставот на Трамп

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, јасно истакнал дека сака Соединетите Американски Држави да ја „преземат“ контролата над Гренланд, додавајќи дека присуството на европски сили на оваа територија нема да влијае врз неговата одлука.

Левит изјави дека разговорите помеѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј ди Венс и државниот секретар Марко Рубио биле „продуктивни“.

„Беше добар состанок. Двете страни се согласија да формираат работна група која ќе продолжи со техничките разговори за преземањето на Гренланд“, изјави Левит. 

Таа додаде дека овие разговори треба да се одржуваат на секои две до три недели.

„Ова е дијалог кој администрацијата има намера да го продолжи со Данците и со делегацијата од Гренланд“, рече Левит.

Левит посочи дека испраќањето европски сили на Гренланд нема да го промени ставот на Трамп за преземање на оваа територија.

Претходно беше објавено дека сили од Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија, Норвешка и Шведска се упатиле кон Гренланд.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова предупреди да не се занемаруваат руските интереси на Арктикот.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести