Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСПРАЌА СИГНАЛ: Путин на Крим за Денот на победата над фашизмот

ИСПРАЌА СИГНАЛ: Путин на Крим за Денот на победата над фашизмот
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на аеродромот во Севастопол за да присуствува на одбележувањето ан 9 Мај - Денот на победата над фашизмот на Кримскиот Полуостров. Ова е прва посета на Путин на Крим по 21 март, кога го потпиша документот со кој украинскиот полуостров се припои кон Руската Федерација. Посетата се случува во момент кога растат тензиите меѓу Западот и Русија заради ситуацијата во Украина и продолжувањето на судирите во источните делови на оваа земја. Путин отпатува на Крим и покрај препораките на западните официјални претставници дека ваквата посета би била штетна во овој чувствителен период. Слична порака упати и германската канцеларка Ангела Меркел, според која „би било штета 9-ти Мај да се искористи во конткст на дополнително подгревање на тензиите“.  
Слично

Поврзани вести