Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСПОВЕД НА СОПСТВЕНИКОТ НА ПЕЧАТНИЦАТА: „Мислев дека за мене е прекасно“

ИСПОВЕД НА СОПСТВЕНИКОТ НА ПЕЧАТНИЦАТА: „Мислев дека за мене е прекасно“
Мичел Каталано, сопственик на печатницата во Дамартин, во која браќата Куаши го држеа како заложник, раскажал како него му поминале часовите драма која се одвивала во просториите на печатницата. Тој открил дека негов најголем страв бил дека терористите ќе го пронајдат неговиот 26 годишен работник Лилиан Лапереа, кој бил скриен во една от просториите на спратот. Браќата Куаши дури три пати го прашувале дали има уште некој во зградата, а тој цело време одговарал дека е сам. По еден час терористите го пуштиле, а Лилиен останал во своето скривалиште. teroristi „Ги видов како доаѓаат. Видов калашников и ракетен фрлач. Ми се причини како сцена од филм. Му реков на Лилиан да се скрие. Мислев дека за мене е прекасно. Мирно им пријдов. Тие во ниту еден момент не беа агресивни. Дури и им подготвив кафе“, раскажал Каталано како изгледала неговата средба со терористите кои ја зазеле неговата печатница. Тој вели дека не доживеал преголем шок наспроти се што се случувало. „Морам да продолжам со својот живот. Имам работа која морам да ја водам“, изјавил Каталано за „Daily Telegraph“.  
Слично

Поврзани вести