ИСПОВЕД НА ПРЕЖИВЕАН ОД НАПАДОТ ВО ОРЛАНДО: Се криев под автомобил целиот лежејќи во крв
Џошуа Мек Гил бил еден од неколкуте стотини посетители на ноќниот геј клуб Пулс во Орландо кој стана место на најкрвавиот масакар во американската историја.
Тој на Фејсбук го опиша своето сведоштво на мачни настани во геј клубот.
„Вечерва се слули голема трагедија. Моите мисли и молитви се со сите во Пулс или со било кој, кој познава некој кој бил таму. Тоа беше лудо и трауматично искуство. Многу сум благодарен што се извлеков неповреден а и многу други кои ги познавам и кои многу ми значат а кои успеале да побегнат. Се сокрив под автомобил и таму затекнав една од жртвите, која беше погодена со куршум. Мојата и енговата мајца ги врзав преку неговата рана како би го запрел крварењето и скришум го довлеков до најблискиот полицаец кој потоа успеа да не префрли до итната помош. Нема зборови со кои може да се опише чувството во тој момент. Бев прекриен со крв... Се обидував да го спасам животот на човекот кој не го ни познавав...Трауматично искуство... Работите кои на тој човек можев да му ги кажам и ветувањата кои морав да му ги дадам, иако не знаев дали тие може да бидат исполнети, а се како би го одржал при свест во моментот додека цврсто го држев, а крвта се лиеше врз мене ... Се помолив за него и му дадов до знаење дека нема да го оставам. Најлошо е што успеав да го дознаам само неговото име, презимето не го знам па сега не можам да дознаам дали преживеал и како е. Ако некој го познава Родинја кој ноќеска е погоден и повреден , ве молам да ми јавите дали е добро. Имав чувство како Бог да ме испратил во клубот да би можел да му помогнам на непознат странец“, напишал помеѓу другото Мек Гил на својот Фејсбук.
Откако Омар Матин (29) упаднал во клубот околу 2 часот утрово и од огнено оружје почнал да пука следела заложничка криза и интервенција на специјалци, а животот го изгубиле најмалку 50 лица.
