ИСПОВЕД НА ПЛАТЕН УБИЕЦ: Убив над 30 луѓе, а ниту еден не го најдоа
Платен убиец кој работи за нарко-картел ги открива тајните за својот „занает” – како ги киднапира, мачи и ги убива луѓето, а потоа се погрижува никогаш да не бидат пронајдени.
Овој 29-годишен маж до сега убил 30 луѓе во девет години. Најголем број од нив биле од Големата плажа (Costa Grande) во Гереро Мексико.
Во интервју под маска, за американската агенција АП тој тврди дека тоа што го прави е за „општо добро”, но дека животот на платен убиец не е убав.
”Многу пати во вашето соседство, вашиот град, може да има луѓе кои го загрозуваат вашиот живот и семејството.Тогаш морате да реагирате, затоашто владата нема да дојде да ви помогне”, вели убиецот за АП
Тој појаснал како ја „елиминира” личноста за која добил наредба, без да биде откриен.
„Најпрво жртвата се носи во сигурна куќа или место каде што не може да се слушне што се случува внатре. Потоа, следува мачење со електро шокови за маченикот да даде информации што му ги барам, а во 99 отсто од случаевите сите ги даваат. Потоа ако заробеникот веќе не е потребен следи убиство и закопување на телото или фрлање во океан. “- раскажува нарко-убиецот.
Платениот убиец вели дека сепак има некои стандарди – никогаш не убил жена или дете, но признава дека барем три пати убил погрешна личност.
Интервјуто за АП е направено под негови услови: неговиот идентите и картел за кој работи не се откриени, а за време на разговорот носел маска.


