Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСПЛИВАА ДЕТАЛИ ЗА АФЕРАТА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ? Еве што и подарил на поранешната пријателка на Кејт за Денот на вљубените

ИСПЛИВАА ДЕТАЛИ ЗА АФЕРАТА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ? Еве што и подарил на поранешната пријателка на Кејт за Денот на вљубените

Во странските медиуми деновиве повторно се појавија гласини за љубовната врска меѓу принцот Вилијам и Роуз Ханбери, инаку блиски пријатели на членовите на кралското семејство.

Британското кралско семејство во последните неколку месеци ги полни медиумските колумни и погледите на јавноста беа насочени кон веста за смртта на Елизабета Втора, за преземањето на нејзиниот престол, но и со книгата и документарен филм објавен од принцот Хари кој ги предизвика најновите скандали.

Но, она што ја бранува јавнсота последниве денови, се бројни гласини за криза во бракот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, бидејќи локалните медиуми пишуваат дека тој оваа година Денот на вљубените го поминал со својата наводна љубовница Роуз Ханбери.

Роуз е позната по инаку блиската врска со Кејт, но британските таблоиди тврдат дека Роуз и Вилијам се гледаат во тајност. Тие беа фотографирани заедно за прв пат во 2019 година на забава, по што се појавија гласини дека принцот и бил неверен на својата сопруга за време на нејзината трета бременост. Сето тоа предизвика бурни реакции во палатата и Кејт побара од Вилијам да ја отстрани од кругот на блиски пријатели.

Но, британските медиуми деновиве пишуваат дека тој го поминал Денот на вљубените со неа. Тие наводно биле на романтична вечера, а биле видени во луксузен италијански ресторан во Лондон. Според келнерот во ресторанот, Вилијам на Роуз и подарил бисерен ѓердан.

Роуз е стар познаник на британското кралско семејство, а таа во 2009 година се омажи за седмиот маркиз од Чолмондели, Дејвид Роксавиџ, кој е 23 години постар од неа. Нивната венчавка се одржа само два дена откако таа објави дека чекаат близнаци и се е направено во голема брзање. По десет години брак и три заеднички деца, Роуз и Дејвид се разведоа во 2019 година, токму кога почнаа гласините за нејзината врска со принцот Вилијам.

Сепак, колумнистот на Дејли Мејл, Ричард Кеј, кој е стар пријател на принцезата Дијана, истата година нагласи дека тие гласини се само лажни вести и дека Кејт и Роуз се во добри односи.

„Ми кажаа дека гласините за тепачка меѓу овие две атрактивни млади жени се лажни“, напиша тогаш Ричард и тие избраа да ја игнорираат целата ситуација.

Како и да е, Кејт наводно и забранила на Роуз да присуствува на какви било кралски настани и строго ограничен контакт, сето тоа во обид да го оддалечи Вилијам од неа, што, доколку британските медиуми се точни, не ѝ успеало баш.

Фото:  EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Слично

Поврзани вести