Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСПЛИВА СКАНДАЛОЗНА ФОТОГРАФИЈА ОД НОВИОТ ШЕФ НА ЦИА - Ретклиф го покажува „албанскиот орел“

ИСПЛИВА СКАНДАЛОЗНА ФОТОГРАФИЈА ОД НОВИОТ ШЕФ НА ЦИА - Ретклиф го покажува „албанскиот орел“

Џон Ретклиф е новоизбраниот шеф на ЦИА во новата администрација на Трамп. Судејќи според неговите „поранешни дела“, Ретклиф сесрдно ги поддржува сепаратистичките идеи на Албанците на Балканот.

Имено, Џон Ретклиф на една фотографија од минатото со рацете го покажува „албанскиот орел“, симбол на Голема Албанија, со што ја поддржува идејаата за обединување на Албанците, што секако може да се реализира со уништување на суверенитетот и интегритетот на останатите земјите на Балканот.


Да потсетиме, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го именуваше Ретклиф за шеф на најмоќната разузнавачка агенција во САД. Бил поранешен директор на Националната разузнавачка агенција.

Се чини дека шефот на ЦИА не ги крие своите симпатии кон албанските идеи и рушењето на постоечките граници на Балканскиот Полуостров.

Останува да видиме што ќе каже новиот американски претседател за ова.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести