ИСПИЛ 14 ТАБЛЕТИ ЗА ДА ДОЖИВЕЕ ХАЛУЦИНАЦИИ: Тинејџер почина поради ТикТок предизвик
Почина 13-годишно момче по опасен тренд на социјалната мрежа ТикТок. Детето испило 14 таблети за алергија.
Момче од Охајо почина откако се предозирало со лекови без рецепт, а се обидувало да направи вирален предизвик на ТикТок, пишува „Њујорк пост“. Џејкоб Стивенс, учествувал во „Бенадрил предизвикот“, опасен тренд во кој учесниците земаат 12 до 14 антихистаминици. Тоа е шестпати повеќе од препорачаната доза. Тие сакале да предизвикаат халуцинации. Таткото на Џејкоб, Џастин, изјави за „Еј-би-си 6“ дека неговиот син минатиот викенд бил дома со пријателите кога се случил немилиот настан. Џејкоб завршил во болница каде го ставиле на респиратор. Момчето починало шест дена подоцна.
„Немаше ништо на скенирањето на мозокот. Лекарите рекоа дека можеме да го задржиме на респоратор, дека ќе може само да лежи, но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш нема да дише самостојно, да се насмее, да оди или да зборува“, вели таткото на детето.
Бабата на момчето, Дијана Стивенс за една локална телевизиска станица изјавила дека ќе стори што е потребно за ниту едно дете да не страда од вакво нешто. Џејкоб не е првата жртва на предизвикот „Бенадрил“. Во август 2020 година, 15-годишно девојче исто се предозирало со лекот за алергија. Производителот „Џонсон и Џонсон“ објави јавен апел во врска со предизвикот, предупредувајќи: „Бенадрил трендот на ТикТок е крајно загрижувачки, опасен и треба веднаш да се прекине“. Досега повеќе млади загинаа при обиди да снимат интересни видеа за ТикТок.
Неодамна почина познатата хрватска водителка Слаѓа Петрушиќ. Таа снимава видео за ТикТок, по што се повредила, завршила во болница, а потоа и починала. Некои земји посегнаа кон ограничување на користењето на ТикТок. Деца под 15 години во Франција не можат да користат ТикТок освен ако тоа не го дозволат родителите.
Слично
