Исланд прва земја која издаде „ковид пасош“: Вакцинираните слободно на патувања
Исланд стана првата земја во светот што издаде сертификати за вакцинација или таканареени ковид пасош со што сака да ги олесни меѓународните патувања, изјавија властите. Земјите од ЕУ сепак се уште се поделениоколумислењата дали треба или не треба да има вакви сертификати.
Сите 4.800 Исланѓани кои примиле две дози вакцина имаат право на дигитални сертификати, соопшти Министерството за здравство, кое формираше веб-страница за да објавуваат сите детали со нивната дистрибуција.
„Целта е да се олесни движењето на луѓето меѓу земјите, така што поединците ќе можат да покажат потврда за вакцинација за време на граничните проверки и да бидат ослободени од граничните ограничувања“, рекоа од Министерството.
Сепак, документите допрва треба да бидат признати на меѓународно ниво.
