Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исланд ја затвори Амбасадата во Русија

Исланд ја затвори Амбасадата во Русија

Исланд денеска ја затвори Амбасадата во Москва. Оваа земја го зајакнува присуството во Украина. Министерството за надворешни работи наведе дека Исланд планира да го зголеми своето присуство во Украина како знак на солидарност со Киев, сè додека таму трае „нелегитимната руска агресија“.

Сепак, Исланд соопшти дека не станува збор за прекин на дипломатските односи.

„Откако ќе се создадат условите, Исланд ќе му даде приоритет на враќањето на активностите на Амбасадата во Москва“, се вели во соопштението на исландското Министерство за надворешни работи.

Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Сега Украина спроведува контраофанзива за да ги врати окупираните територии. Поради војната, Русија се соочи со санкции. 

Слично

Поврзани вести