Исланд е оазата на мирот во светот
Исланд лани била најмирната земја во светот.
Податоците ги објави истражувањето на Глобалниот индекс на мирот. Зад Исланд се Нов Зеланд, Данска, Португалија и Словенија. Осум од десетте најмирни земји во светот се во Европа.
Авганистан сѐ уште е најмалку мирна земја во светот. Македонија е позиционирана на 40 место, а од земјите во регионот, Хрватска е рангирана на 17 место, Србија на 44 и Црна Гора на 51 место, Босна и Херцеговина е на 72 место.
При составување на листата земени се в предвид социјалната сигурност, тековните домашни и меѓународни конфликти и нивоата на милитаризација.

Слично
