Исламските банки се развиваат брзо, имаат годишен раст од 20 проценти
Исламскиот финансиски сектор расте со 15 до 20% годишно.
Муслиманите годишно вложуваат 1,8 трилиони долари во исламски банки.
„Исламските банки се развиваат побрзо од традиционалните. Исламската економија е стабилна, нашите исламски банки се развиваат побрзо од традиционалните банки, што е особено важно во услови на зголемениот број муслимани во светот"- вели заменик-министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Абдула Ал-Салех, цитиран од агенциите.
Првата исламска банка во светот е отворена во 1975 година во Дубаи.
Исламското банкарство в во согласност со исламските економски принципи. Религијата на муслиманите им забранува лихварство.
Слично
