Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламската држава воведува своја монета

Исламската држава воведува своја монета

Исламската држава најави дека ќе произведе сопствена монета, во злато, сребро и бакар, која ќе биде користена на територијата на Сирија и Ирак.

Со помош на бог, различни монети ќе бидат произведени во  злато, сребро и бакар“, наведува Исламската држава во соопштението објавено на џихадистичките форуми.

Таа група која контролира територија со големина како Велика Британија, со погоелм дел, меѓутоа, пустински, објаснила дека целта е да се замени „тиранскиот монетарен систем наметнат на муслиманите кои довел до нивна репресија“.

Целта е, додала ИД, и муслиманите да се ослободат од „комерцијализација и сатанистичка економска репресија“.

На фотографиите кои ги објавила таа екстремистичка група, на монетите се симболите „Исламската држава“, „калифат“ и нивната вредност. На некои деноминации е и сликата од џамијата Ал Акса од Ерусалим.

Слично

Поврзани вести