Исламската држава повторно на чекор до Багдад!
Џихадистите на Исламската држава напредуваат кон главниот град на Ирак и покрај воздушните напади на коалицијата предводена од САД и повторно се на чекор до Багдад.
Иамко експертите проценуваат дека директна опасност за освојување на градот се уште нема, затоа што го бранат огромни сили на ирачката војска, но сепак исламистите со своите самоубиствени напади се во позиција да сеат страв во Багдад, па дури и да ја разнишаат ирачката влада.
„Во овој момент не е многу веројатно дека ИСИЛ ќе ја преземе контролата врз Багдад, но можат тој град толку да го загрозат што ќе го доведат во прашање легитимитетот на централната власт“, вели Ричард Бренан, експерт за Ирак.
Според последните информации, џихадистите се инфилтрирале до Абу Граиб, предградие на Багдад, недалеку од меѓународниот аеродром.
Британското Министерство за одбрана објави дека британски експерти од специјалниот тим на британската војска, ги обучуваат курдските борци да се справат со заканата од џихадистите. Дванаесет припадници на тој тим ги обучуваат ирачките Курди како да ја употребуваат тешката артилерија што им ја испраќа Велика Британија за борба против радикалната исламска закана.
Инаку, Исламската држава напредува и на сириска територија, каде што расте загриженоста за судбината на пограничното место Кобане.
Слично
