Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламската држава планира одмазда – ќе удри на Њујорк и Париз?

Исламската држава планира одмазда – ќе удри на Њујорк и Париз?
Радикалната Исламска држава планира терористички напади со кои ќе возврати на воздушната кампања што ја спроведува меѓународната коалиција предводена од САД во Ирак и Сирија, тврди ирачкиот премиер Хајдер ел Абади. Тој тврди дека ирачката разузнавачка служба дошла до информации според коиџихадистите планираат напади врз метро-линиите во САД и Париз. „Денеска добив доверливи извештаи од Багдад дека во Ирак постои мрежа која планира напади врз метроата во Париз и во Америка. Тие не се Ирачани. Некои се Французи, некои се Американци, но се наоѓаат во Ирак“, вели ирачкиот премиер. Ел Абади сепак не можел да оцени дали планирањето на нападите е во завршна фаза. Официјални претставници во Вашингтон велат дека САД засега немаат информации за вакви напади. „Не верувам дека планирањето на таков напад е во завршна фаза“, изјавил Питер Кинг, член на Комисијата за безбедност. Сепак њујоршката полиција секако го подигна нивото на безбедност околу тунелите, мостовите и железничките станици. Ваквото предупредување од ирачкиот премиер беше доволно и Париз да ги зголеми мерките за безбедност во париската подземна железница.
Слично

Поврзани вести