Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламската држава објави интервју со заробениот пилот

Исламската држава објави интервју со заробениот пилот
Екстремистичката група Исламска држава, во месечниот магазин кој го објавува на англиски јазик, објавила интервју со јорданскиот пилот кого успеа да го зароби минатата недела откако неговото летало беше срушено на северот во Сирија. Пилотот Муад ал – Касасбех, како што е објавено во магазинот на екстремистите „Дабик“, рекол дека неговиот авион „Ф-16“ во средата бил погоден со ракета во близина на Рака, град кој Исламската држава го смета за своја престолнина. Поручникот од прва класа на јорданските воздухопловни сили, Касабех (26) навел дека се катапултирал и дека се приземјил во водите на реката Еуфрат по што бил заробен од борците на Исламската држава. САД претходно демантираа дека Исламската држава го соборила јорданското летало. Во истото издание на магазинот, Исламската држава го пофалила неодамнешниот напад во кафуле во Сиднеј. Австралиската полиција на 15 декември упадна во кафулето во кое радикалниот исламист Ман Харун Монис повеќе од 16 часа држеше група од 17 заложници. Во инцидентот грабнувачот и уште две други лица беа убиени, а четворица заложници беа потешко повредени. Јордан соопшти дека ќе ги вложи сите напори за да го ослободи својот пилот. Ова е прв изгубен авион на меѓународната коалиција откако отпочнаа воздушните напади против Исламската држава во Сирија и прво заробување на пилот кој учествувал во оваа мисија. Јордан, заедно со Саудиска Арабија, Соединетите Арапски Емирати и Британија, и се приклучи на меѓународната коалиција во борбите против Исламската држава.
Слично

Поврзани вести