Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламската држава обезглави еден од јапонските заложници

Исламската држава обезглави еден од јапонските заложници
Припадниците на Исламската држава објавија снимка на која јапонскиот државјанин Кенџи Гото држи фотографија на убиениот Харуна Јукава. Јапонската држава иако продолжи со обидите да ги спаси заложниците, не успеа во тоа како што покажува аудио снимката на која Гото тврди дека Јукава е обезглавен. Гото на снимката го обвинува премиерот на Јапонија за смртта на Јукава и вели дека за неговото ослободување Исламската држава не бара пари, туку да се ослободи жена бомбаш - самоубиец Саџиле ал-Ришави, која е заробена во Јордан. Ал-Ришави е осомничена за терористички напад во Јордан во 2005 година. Сепак, аналитичар за случувањата во Сирија и Ирак Чарли Винтер изразува сомневање во автентичноста на снимката, зашто на неа нема ознаки на Исламската држава, иако е сигурно дека на снимката е еден од заробените Јапонци. Официјалните лица од Јапонија исто се изјаснија дека се уште се утврдува автентичноста на снимката.
Слично

Поврзани вести