Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламската држава го преминува Босфорот?

Исламската држава го преминува Босфорот?
Екстремистите на Исламсаката држава влегле на територијата во Турција, каде планираат да ги нападнат дипломатските мисии во Анкара и Истанбул, објавија турските медиуми. Медиумите се повикале на националната известувачка агенција Мит.
Како се наведува некои од екстремистите меѓу кои се Сиријанци и Палестинци, планираат да влезат на територијата на Бугарија за да изведат напад на земјите од Европската унија.
Околу 3000 екстремисти од ултрарадикалната група од Сирија и Ирак настојуваат да влезат во Турција преку јужната граница  бидејки не успеале да го заземат сирискиот курдиски град Кобане, пишува весникот „Хуријет“.
Се верува дека некои од овие екстремисти, вклучувајќи ги и командантите кои планирале напади, веќе влегле во Турција, се наведува од труската разузнавачка служба, но не се прецизира нивниот број.
„Експертите екстремисти за самоубиствени и бомбашки напади припремаат напади на мисијата коалициони сили во Истанбул и Анкара, кои што интервенирале во Сирија“, се вели во забелешката.

Турската полиција не сакала да ги коментира овие наоди, а МИТ не била достапна за коментар, пренесува агенцијата Ројтерс.

Сириските курдски сили одбиле минатиот месец напад на борците во Исламската држава во Кобане.  
Слично

Поврзани вести