Исламската држава ги бодри Палестинците да напаѓаат цивили
На видеото кое е поставено на социјалните мрежи и страниците на припадниците на ИСИС, се гледа како џихадистите ги бодрат Палестиците да ги продолжат нападите во Израел.
Исламската држава ги повикува Палестинците да продолжат да напаѓаат израелски цивили и војници на било кој начин, со ножови, возила, отров или експлозиви.
Во последните два дена, ИСИС објави шест видеа на кои џихадистите држат говори, а во позадина течат снимки од нападите во Израел.
На снимката со наслов „Враќање на теророт врз Евреите” еден од мажите на ИСИС ги напаѓа Израелците опишувајќи ги како „осамени волци кои одбиваат да се потчинат и шират страв меѓу синовите на Сион.”
Тензиите меѓу Палестинците и Израелците ескалираа пред еден месец, кога одекнаа гласини дека Израел планира да ја преземе контролата на најсветото место во Ерусалим каде се наоѓа џамијата Ал Акса, трета по значење во Исламот.
Иако Израел остро демантираше, насилството не престана.
Слично
