„Исламска држава“ заработува до 2 милијарди долари годишно од трговија со човечки органи
Терористите од „Исламска држава“ веќе се дел и од црниот пазар со човечки органи. Тоа го изјавил во интервју за државната агенција „ТАСС“ шефот на руското Министерство за надворешни работи за новите предизвици и закани Илја Рогачов.
Од трговијата со органи меѓународната терористичка организација заработува речиси 2 милијарди долари годишно.
Според него „надворешната трговија“ и носи на „ИД“ речиси 2 милијарди долари. Осврнувајќи се на голем број истражувања на експертите на ОН и на независни невладини организации, рускиот дипломат истакнал дека „ИД“ продава годишно нафта и гас за 950 милиони долари, пченица и 'рж за 200 милиони долари, цемент за 100 милиони долари и памук за 20 милиони долари.
Групата активно тргува и со фосфати, сулфурна и фосфорна киселина, додал тој. Џихадистите започнаа да произведуваат и каптагон, изјавил вчера заменик-претседателот на ОН, Јуриј Федотов и додал дека поголемиот дел од сексуалниот стимуланс се продава за лична употреба на исламистите.
„ИД“ продава каптагон на пазарот на дрога“, додал уште заменикот на Бан Ки Мун.
Податоците се од голем број истражувања на експертите на ОН, како и на независни невладини организации, изјавил Рогачов.
„Неопходно е да се преминат и други канали за финансирање на тероризмот, на пример собирање во неколку земји парични прилози“, посочил Рогачов.
Тој потсетил и за едногласно усвоената во четвртокот резолуција број 2253 на Советот за безбедност на ОН, која предвидува мерки и механизми против финансирањето на „ИД“ и на други терористички организации.
37-страничниот документ на Резолуцијата содржи барање веднаш да се замрзнат средствата и финансиските средства на терористите, да не се дозволува директна или индиректна испорака на оружје и повик да се преземат решителни и енергични мерки за прекин на протокот на финансиски средства и економски ресурси, испраќани на лицата и организациите поврзани со Ал Каеда и „Исламска држава“.
