„Исламска држава” воведува златна парична единица за контролираните територии
„Исламска држава" издаде сопствена парична единица, која ќе биде стандард за комерцијални трансакции во зоните кои таа ги контролира во Сирија и Ирак, пренесува Voice of America.
Тоа е монета со тежина од 4,25 грама, 21-каратно злато која ќе треба да ја замени сириската фунта и американскиот долар на пазарот.
„На трговците на нафта им било наложено од „Исламска држава" да се користи новата единица при вршење на трансакции во зоните, контролирани од групата"- соопштија активисти од сириската провинција Деир ез.
„Ова е обид на „Исламска држава" да добие легитимност. Таа сака да му покаже на светот дека може да ја наметне својата економија на светскиот пазар "- смета сирискиот економист Хоршид Алика.
Локалното население се плаши дека употребата на златници ќе предизвика хиперинфлација во локалната економија. Цените се зголемија многу откако „Исламска држава "објави користење на валутата, изјави активистот Хусам Ејса.
