Исламска држава уживала во турски пари од нафта-Анкара негира!
Групата „Исламска држава“ се финансира со пари од Турција во замена за нафта и дозвола на џихадисти да минуваат лесно преку нејзината територија. Тоа обвинение го упати израелскиот министер за одбрана Моше Јалон за време на средбата со грчкиот колега Панос Каменос во Атина.
Јалон истакна дека има докази за своите тврдења. Анкара категорично ги негираше обвинувањата.
„Сега зависи од турската влада да одлучи дали сака да е дел од какво и да било соработка во борбата против тероризмот. Како што знаете џихадистите уживале во турски пари од нафта доста време“, тврди Моше Јалон .
Според него Турција им овозможува на џихадистите да преминуваат од Европа во Сирија и Ирак и да се прибираатдома како дел од терористичката инфраструктура на исламистите во Европа.
