„ИСЛАМСКА ДРЖАВА“ ТВРДИ: Ние го урнавме рускиот авион!
Египетскиот огранок на екстремистичката група „Исламска држава„ (ИД) тврди дека нејзинитге припадници го урнале рускиот патнички авион кој изутринава падна на Синајнскиот остров.
„Војниците на калифатот успеале да го урнат сирискиот авион во Синај“ се нагласува во соопштението објавено на социјалните мрежи.
Авионот „erbas A321“ на руската авиокомпанија „Когалимавај“ скратено „Колавија“ на летот од Шарм ел-Шеик до Санк Петербург, се урна денеска на околу 1000 километри од Ариша на северниот дел на Синај, во кој загинаа сите 224 патинци и членови на екипажот.
Извори од египетската служба за безбедност соопштиле дека нема знаци дека авионот е урнат.
Во северниот дел на Синај веќе две години се наоѓа седиштето на огранокот на „ИД“, чии припадници се одговорни за убиство на стотина египетски војници и полицајци.
