Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава” создава елита терористи

„Исламска држава” создава елита терористи

„Исламска држава" создава елита терористи  т.н.. Ингимаси, и успехот на противниците зависи од тоа дали ќе можат да се справат со новата тактика на џихад групата.

Ирачките воени извори објавија вчера дека се ослободени три села во провинцијата Ниневија, југоисточно од Мосул - главната тврдина на ИД во земјата. Според експертите ова е најава за подготвување големата офанзива против самиот Мосул - најголемиот град контролиран од милитантната група.

Заземањето многу ќе зависи од тоа дали специјалните сили - главната ударна моќ на ирачката армија, ќе можат да се справат со т. н. Ингимаси, бомбаши со шахидски појаси кои се разнесуваат меѓу непријателски војници.

Ингимасите се единици за кои се избираат фанатиците, но и најдобро подготвените терористи. Тие добиваат задачи да заземат особено важни објекти, да ликвидираат команданти на противникот и да уништуваат воена техника.

„Тука станува збор за еволуција на џихадизмот"- коментира московскиот експерт, Алексеј Малашенко.

Засега никој противник на ИД не успеал да ја неутрализира оваа тактика, ниту во Ирак, ниту во Сирија.

Слично

Поврзани вести