„Исламска држава“ со нов водач, САД удрија со напади врз џихадистите
„Исламска држава“ има нов воен водач.
Тој го заменува Тархан Батирашвили (поранешен грузиски војник) со надимак Абу Умар аш Шашани убиениот при антитерористичка акција. Агенцијата ИРНА ја добила информацијата од извор во службите за безбедност на ирачката провинција Наинава.
Изборот на Гулмурод Халимов за воен шеф на ИД не бил соопштен официјално, бидејќи исламистичката група се плашела дека тој ќе се претвори во цел на удари од воздух.
Повеќето високи водачи на ИСИС се наоѓаат во Сирија, во Наинава биле само некои од нив.
Раководството на џихадистичките терористи било доверено на лица од вториот и третиот ешалон, а сите тие поради стравување дека може да бидат откриени и уништени, воделе таинствени живот и ретко се појавувале јавно - соопштил, инсистирајќи на анонимност, изворот на ИРНА.
Халимов требало да одговара за военото раководство во ИД.
Во меѓувреме стана јасно дека САД нападнале цели на групата во Сирија, во близина на турската граница, со ракети, истрелани од мобилни лансери лоцирани неодамна на турска територија. Тоа го соопшти AFP, повикувајќи се на американски претставници.
Ракетните лансери со висока мобилност (HIMARS) на американската армија поразија во петокот тактички дел и зграда, користена од ИСИС, изјави мајор Џош Џек, портпарол на Централната команда на САД (Сентком).
Од своја страна пак Брет МакГурк, специјален пратеник на претседателот Барак Обама во меѓународната коалиција, кој војува со „Исламска држава“, истакна дека американската армија нападнала џихадисти со помош на новоразположливиот систем во Турција .
Во соопштението објавено на Twitter од Американската амбасада во Анкара, се вели дека ова е нова фаза во турско-американската соработка во борбата против ИД .Системот HIMARS веќе е користен при операции во Ирак и во Авганистан.
Точните удари извршени од HIMARS, се слични на воздушните напади на коалицијата. HIMARS е дополнително средство на американската армија, која дејствува од територијата на сојузник на НАТО, прецизира Џош Џек.
