Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава” се закани дека ќе ги уништи пирамидите во Египет

„Исламска држава” се закани дека ќе ги уништи пирамидите во Египет

Во свое видео  терористичката организација „Исламска држава"  соопшти дека египетските пирамиди стануваат мета за нејзините борци.

Во него е прикажано уништувањето на храмот Бутам во ирачкиот град Нимруд и објаснето е дека следува уништување на пирамидите во Гиза. Џихадистите истакнуваат дека е нивен долг да ги уништат овие објекти, бидејќи се изградени од „неверници".

Според идеологијата на „Исламска држава" сите неисламски верски објекти треба да бидат уништени бидејќи се дело на неверници.

Со доаѓањето на власт на египетскиот претседател, Абдел Фатах ас-Сиси започна гонење на радикални и умерени исламисти. Во моментов во Египет нема територии, кои се под контрола на „Исламска држава".

„Исламска држава" уништува непроценливи културни споменици кои се наоѓаат на територијата на „калифатот".

Слично

Поврзани вести