Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламска држава се снабдува со опрема за поврзување со интернет од европски компании?

Исламска држава се снабдува со опрема за поврзување со интернет од европски компании?

Европски компании обезбедуваат техничка опрема за интернет пристап на групата „Исламска држава“ (ИД), која ја користи глобалната мрежа за своите комуникации и пропаганда, пишува германското списание „Шпигел“.

Ниту една терористичка организација не користи интернет толку успешно, за да се рекламира себе и да здобива следбеници, како ИД. А групата дејствува во областите каде што телекомуникациската инфраструктура е силно уништена.

„Како се комбинираат овие работи? Одговорот е срам за Европа: има и европски компании кои им обезбедуваат можност на терористите да ја шират својата пропаганда“, истакнува весникот.

Не е јасно дали овие компании го прават тоа свесно, но најважно е дека тие би можеле да знаат, покажуваат документите, до кои е добило пристап списанието. А од техничка гледна точка тие можат да ги прекинат комуникациските канали - веднаш и без особени напори.

Според „Шпигел“ во Сирија и Ирак се инсталирани илјади уреди кои овозможуваат да се воспостави сателитска врска со интернет. Голем дел од нив се наоѓаат во подрачја под контрола на Исламистите. Опремата пристигнува во Сирија од Турција, а меѓу компаниите кои испорачуваат интернет и потребна техника, се водечки европски сателитски оператори како Eutelsat од Франција, Avanti Communications од Велика Британија и SES од Луксембург.

Холандското пристаниште Ротердам, што е третото по големина во светот, е најверојатно водечкиот премин, од каде тргнуваат испораките на сателитска опрема за Блискиот Исток. Производителите се со централи во САД и Далечниот Исток, но клиентите се компании со седиште во Париз, Лондон или Луксембург, истакнува германското списание.

Слично

Поврзани вести