„Исламска држава” повика на уништување на сателитските антени
„Исламска држава" ги повика муслиманите да ги уништат сателитските антени, за да не можат непријателските канали да им ги уништат верувањата и да им ги нарушат моралните принципи, пренесе Ројтерс.
Непријателите на исламот воделе медиумска војна против нив. Исламска држава посочи верски канали, спонзорирани од Саудиска Арабија.
„Непријателите на исламот водат медиумска војна против „Исламската држава“, која е не помалку опасна од воената кампања"- вели групата во видеозапис, објавен во официјалниот нејзиниот профил во Телеграм.
Таа не прецизираше дали ќе наложи примена на повикот на териториите под нејзина контрола во Сирија и Ирак. Снимката завршува со сцена во која луѓе газат со нозе врз сателитски чинии.
Слично
