Исламска држава потврди: Браќата Бакрауи стојат зад бриселските и париските атентати
Браќата Брахим и Халид Бакрауи кои експлодираа во нападот на 22 март во Брисел, стојат како зад бриселските напади, така и зад оние во Париз на 13 ноември, соопштува AFP.
Во 14-тиот број англиското издание "Дабик" на џихадистичката група "Исламска држава" пишува за Халид: "Сите подготовки за ударот во Париз и Брисел почнаа со него и поголемиот брат Брахим".
Весникот посочува дека двајцата браќа добиле "повик", додека биле поранешни затвореници во затвор, и решиле да "живеат за религијата".
Според изданието Халид често сонувале дека се борат со неверниците на земјата на пророкот.
Изданието пишува и дека Наџи Лакрауи, кој исто така се разнесе на аеродромот во Брисел, бил специјалистот за експлозиви на групата.
"Токму Абу Идрис (неговото бојно име) ги направи експлозивите за двата напади во Париз и Брисел", пишува весникот.
