Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава” останува закана број еден за светот

„Исламска држава” останува закана број еден за светот

Групата „Исламска држава" продолжува да е главна терористичка закана за светот во оваа фаза.

Ова се наведува во објавениот годишен извештај на Стејт департментот на САД за терористичката закана во различни земји. Во извештајот, кој ја резимира ситуацијата во 2015 година, се вели дека „Исламска држава" останува најсериозната закана на глобално ниво. Таа има сили во Ирак и Сирија, а во нејзините редови војуваат и многу странци. Групата ги зајакнува позициите во Либија. Бројот на терористичките напади во светот минатата година е намален за прв пат од 2012 година.  Според податоците на Стејт департментот лани во светот имало 11 774 терористички напади, во кои имало над 28 300 жртви, а над 35 000 лица биле повредени. Терористичките напади се намалиле за 13% во однос на 2014 година. Падот се должи на помалиот број напади во Ирак, Пакистан и Нигерија. Терористичките напади се зголемија во Авганистан, Бангладеш, Египет, Филипини, Сирија и Турција.

Слично

Поврзани вести