„Исламска држава“ објави ново видео со егзекуции и порака за Камерон
„Исламска држава“ објави нов пропаганден спот во кој се наведува дека се егзекутирани петмина луѓе.
Терористите тврдат дека маскираните жртви се британски шпиони.
Во исто време од телевизија „ББС“ тврдат дека „во ова видео неколку мажи велат дека се од сирискиот град Ракa, еден објавува дека е од либискиот град Бенгази, но никој не вели дека е од Велика Британија“.
Зад петмината киднапирани мажи стојат терористите на „Исламска држава“ во маскирни униформирани со пиштоли во рака. „Ова е порака за Дејвид Камерон, премиерот на Велика Британија“, вели еден од џихадистите.
„Ќе продолжиме да водиме џихад, да ги преминуваме границите и еден ден ќе влеземе на вашата територија, каде што ќе раководиме според шеријатот“, велат уште терористите.
На крајот на видеото мажите се егзекутирани.
