Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламска држава на пат да банкротира

Исламска држава на пат да банкротира

Терористичката организација нема со што да ги плати борците.

Терористичката група Исламска држава се соочува со големи финансиски проблеми. Ова го откри американскиот генерал Питер Гарстен, еден од командантите на антитерористичката операција во Ирак и Сирија.

„Исламска држава не може да им плаќа на луѓето од други земји. Тие тргуваат со автомобили, за да дојдат до пари. На некои борци ништо не им се плаќа и тие не учествуваат во борбените дејства. Гледаме дека паѓа моралниот дух на нашиот противник"- констатира Гарстен.

Покрај тоа приливот на екстремисти од странство падна на 200 месечно, додека пред една година бил 1500-2000 лица. Пред извесно време се појавија информации дека во Европа ИД има „фабрика со бомбаши самоубијци“.

„Тие прават сè што е можно да нанесат удар во Франција или на друго место во Европа"- вели 29-годишниот ИТ инженер од Париз, Реди Хамет.

При посетата на Германија американскиот претседател, Барак Обама изјави дека и САД ќе испратат 250 американски војници во Сирија.

Слично

Поврзани вести