Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава” краде крв за лекување на борците

„Исламска држава” краде крв за лекување на борците

Терористите од „Исламска држава" се обидуваат очајно да се задржат во ирачкиот град Фалуџа и буквално крадат крв од цивилите, за да ги лекуваат своите повредени, пренесува „Фокс".

Исламистите ги демнат луѓето на улиците и ги тераат да даваат крв.  Опколени од 20.000 војска на ирачката армија во Фалуџа силите на „Исламска држава" имаат многу повредени, кои очајно имаат потреба од трансфузија. Повеќето од локалните жители не можат да добијат ни два оброци на ден, па се слаби и болни. Давањето на крв често се претвора во ладнокрвно убиство. Ирачката армија се обидува да го преземе градот без да го уништи целосно и да ја продлабочи хуманитарната криза во него. Во нивниот обид да го ослободат градот Фалуџа, кој е втора по големина тврдина на „Исламска држава" во Ирак, сепак наидуваат на жесток отпор. Битката се води за секоја населба, куќа по куќа.

Од терористичката група поставија снајперисти во целиот град. Многу од куќите и улиците се минирани. Исламистите често користат цивили како штит за да ги задржат своите позиции. Во Фалуџа живееја над 300.000 луѓе, кога пред две години „Даеш" го презеде.

Слично

Поврзани вести