Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламска држава ќе нападне на Европското првенство во фудбал?

Исламска држава ќе нападне на Европското првенство во фудбал?

Германските и француските безбедносни служби предупредија за оваа опасност.

Во таен извештај на Сојузната криминалистичка служба на Германија, кој се појави во медиумите, се предупредува за опасност од исламистички напади за време на Европското првенство во фудбал во Франција. Според „Ди Велт"  во документот е наведено дека се откриени пораки од исламисти, според кои „успешен напад против тимовите на крстоносните народи, на кои припаѓа и Германија, ќе има посебен ефект". Пред неколку дена, директорот на Европол, Роб Вајнрајт исто така, предупреди дека претстојното првенство е „привлечна цел за терористите". Во документот на германската служба, се наведува дека Франција е во фокусот на екстремистите. Причини за тоа се француската колонијална историја во Северна Африка, воениот ангажман во Мали и бомбардирањето против Исламска држава во Сирија и Ирак.

Слично

Поврзани вести