Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава“: Ќе ги кренеме Биг Бен и Белата куќа во воздух!

„Исламска држава“: Ќе ги кренеме Биг Бен и Белата куќа во воздух!

Џихадистите од „Исламска држава“ се заканија дека ќе експлодираат Белата куќа, Ајфеловата кула и Биг Бен.

Натамошните закани на терористичката група против Западот беа распространети во аудио порака, примена во американскиот центар за следење на исламистите на интернет.

Во пораката портпаролот на џихад групата Абу Мухамед ал Аднан се заканува дека тие ќе ги кренат Белата куќа, познатиот часовник  на зградата на парламентот во Лондон, познат како Биг Бен и Ајфеловата кула во Париз.

„Ако Западот и САД ги сакаат тврдините на „Исламска држава“, тогаш „ Исламска држава ги сака Париз, Рим и Андалузија, но пред тоа ќе ја кренат Белата куќа, Биг Бен и Ајфеловата кула во воздух“, вели Ал Аднан.

Во средината на февруари во интернет беше распространето видео, во кое двајца џихадисти од „Исламска држава“ се заканија дека во главните градови на Франција и Белгија ќе експлодираат автомобили бомби.

„Ќе  ги кренеме Париз и Брисел во воздух“, изјавија терористите.

Во исто време американскиот претседател Барак Обама вети дека предводена од САД воена коалиција ќе успее да ја уништи „Исламска држава“.

На 3 февруари пак во редакција на белгиски весник беше примено писмо во кое се вели дека Белгија е под закана од напади со детонација на автомобил бомба или избувнување на скриени експлозиви.

Од средината на јануари земјата е во претпоследниот степен на подготвеност против терористички напади.

Вчера предводена од САД меѓународната коалиција нанела 13 воздушни напади против „Исламска држава“ во Ирак. Пет удари ги поразиле автомобилите и багерите на џихадистите во близина на Киркук.

При три напади биле погодени тактички единици и автомобил на групата крај Фалуџа.

Слично

Поврзани вести