„Исламска држава” ќе биде разбиена наскоро?
Поранешен шеф на ЦИА со прогноза: „Исламска држава" ќе биде разбиена наскоро.
Сепак терористичката закана останува.
Поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус изјави дека терористичката група ДАЕШ ( „Исламска држава") е осудена на пораз во Ирак и порано или подоцна ќе претрпи крах и во Сирија, но и покрај тоа терористичката закана во регионот ќе остане висока, соопштува ТАСС, повикувајќи се на интервју на Петреус за СНН.
Зборувајќи за кампањата против ДАЕШ во Ирак, Петреус потврди дека во моментов таа се водела значително побрзо од очекуваното.
„Ако тие се бореа очајно и интензивно, непријателот едноставно ги скрши и мислам дека ќе го видиме поразот на „Исламска држава" во Ирак во следните месеци"- коментира тој.
Тој изрази уверување дека вториот по големина ирачки град Мосул, кој е контролиран од ДАЕШ, ќе се исчисти од терористи кон почетокот на 2017 година.
„Уверен сум дека ќе стигнеме и до старешините нивни Абу Бакр ал Багдади"- додаде Петреус.
Експертот предупреди дека по разбивањето на ДАЕШ во Ирак ќе останат активни локални терористички ќелии кои ќе продолжат да вршат терористички напади во места како Багдад.
