„Исламска држава“ ја турка Европа кон религиозна војна
Терористичката група "Исламска држава" се обидува да предизвика војна меѓу религиите во Европа. Џихадистите испробуваат на Стариот континент тактики кои се користат против христијаните и другите верски малцинства на Блискиот Исток. Таквото мислење го изразија експерти пред европските медиуми.
Пример за намерите на екстремистите е вчерашниот напад врз црква во Франција и убиството на католичкиот свештеник. Верските лица веќе се на исто мислење.
Убиството ќе ги зајакне стравувањата на папата Фрањо за прогонот на христијаните и ќе спречи неговите напори за хармонија и разбирање меѓу религиите. Тоа ќе ги засили позициите на екстремистите во црковните кругови, кои повикува на хард одговор на провокации.
„Кога гледате христијнански жртви, ќе видите и членови на Црквата, кои се заинтересирани за поагресивен воен одговор“, истакнува британскиот религиозен експерт Џон Ален.
Самиот папа веќе изјавувал дека денешно време има повеќе христијански маченици отколку во раните денови на црквата.
Покрај сето тоа официјалните власти настојуваат да го задржат верскиот мир. Христијански, муслимански, еврејски и будистички духовни водачи се состанаа со францускиот претседател Франсоа Оланд во Елисејската палата. Тие остро го осудија нападот и повикаа на зајакнување на безбедноста во храмовите и местата за богослужба.
Далил Бубакор, шеф на Големата џамија во Париз, го опиша нападот како "богохулно сквернавење" и изрази "длабока тага" во име на француските муслимани. Тој повика на поголема безбедност, бидејќи дури и "повеќето скромни места за аџилак" можат да бидат нападнати.
"Не треба да се оставаме да бидеме вовлечени во политичките игри на Даеш", категоричен беше архиепископот на Париз кардиналот Андре Вен-Троа, осудувајќи го повикот на џихадистите да ги "свртат децата во едно семејство".
Кардиналот го истакна значењето на хармоничните односи меѓу религиите кои придонесуваат за кохезијата на француското општество.
"Важно е сами да си одговориме на прашањето во кој Бог веруваме - дали во овој на смртта, или во овој на животот", посочи Вен-Троа.
Архиепископот го осуди и радикализмот меѓу многу од младите кои се надеваат да бидат наградени од Бог за тоа што го убиле соседот.
