Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Тунис

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Тунис

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во музејот во Тунис, соопштува „Ројтерс“.

Терористичката организација објваи аудиозапис на интернет за да го потврди тоа.

На аудиозаписот двајцата напаѓачи се опишувани како „витези на Исламска држава“, кои биле вооружени со митралези и бомби.

Претходно беше објавено дека двајцата сторители на нападот врз музејот во „Бардо“ се идентификувани како Јасин Абидал и Хатем Хашнауи.

Абидал е роден во 1980 година, а соучесникот во 1994 година. Според портпаролот на полицијата двајцата биле Тунижани.

Едниот од мажите им бил познат на службите за безбедност.

Според локалните медиуми нападот е извршен од групата „Окба ибн Нафа“ поврзана со „Ал Каеда“ во Магреб. Од крајот на 2012 година Туниската армија спроведува операција против терористите.

Од прес секретарот на претседателот соопштија дека загинале 20 туристи, вклучувајќи и двајца Тунижани, освен двајцата напаѓачи, а 48 лица се повредени.

Истовремено министерот за здравство на Тунис соопштил дека вкупниот број на загинати се зголемил на 23, од кои 18 странски туристи. Министерот појаснил дека петмина државјани на Тунис се убиени, вклучувајќи ѓи и двајцата напаѓачи.

Министерот истакнал дека неколку од жртвите се без документи за идентификација. Седум од загинатите се уште не се идентификувани.

Убиени се петмина Јапонци, четворица Италијанци, двајца Французи, двајца Шпанци, двајца Колумбици, Полјак и Австралиец.

Во меѓувреме двајца шпански туристи биле пронајдени денес како се кријат во внатрешноста на музејот, ден по нападот.

Подоцна туниските власти уапсија 4 лица, директно поврзани со атентатот, и уште петмина осомничени за врски со терористичката ќелија.

Слично

Поврзани вести