„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Тексас
„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за пукањето за време на изложба на карикатури со пророкот Мухамед во американскиот град Гарланд, предградие на Далас, Тексас, соопштува „Франс прес“.
Тие пренесуваат дека терористите од „Исламска држава“ го поздравиле нападот на интернет.
Потсетуваме дека двајца вооружени мажи отвориле оган на паркинг во близина на центарот „Кертис Кулуел“, повредувајќи еден телохранител во ногата.
Полицајата одговорила веднаш во рамките на секунди и ги застрелале напаѓачите.
Идентитетот на напаѓачите засега не се открива во јавност досега.
Околу 200 луѓе беа присутни на настанот, кога напаѓачите отвориле оган. Луѓето биле евакуирани. Полицијата започнала претрес за експлозиви, кои може да биле поставени на местото.
