„Исламска држава” ја презеде одговорноста за нападот во Ница
Џихадистичката група „Исламска држава" ја презеде одговорноста за нападот во Ница, пренесоа агенциите, повикувајќи се на агенција Amaq.
Над 80 лица, од кои десет деца, загинаа, а други 52 се во критична состојба, откако на денот на националниот празник на Франција маж удри со камион во толпата на крајбрежниот булевар на Ница.
Засега неговите мотиви остануваат непознати. Сторителот, кој беше убиен од полицијата, беше идентификуван како 31-годишниот Мохамед Булел.
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд имаше телевизиско обраќање во врска со нападот. Оланд изрази сочувство до семејствата на загинатите во нападот со "терористички карактер, кој не може да биде откажан".
Вонредната состојба во земјата, воведена по нападите во Париз минатата година, ќе биде продолжена за уште три месеци.
