Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Калифорнија

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Калифорнија

Борците на терористичката група „Исламска држава“ ја презедоа одговорноста за терористичкиот напад во Калифорнија, во кој загинаа 14 лица, пренесоа агенциите.

Како што веќе беше соопштено 28-годишниот Саид Фарук и 27-годишната Тешфин Малик нападнаа во средата центар за лица со специјални потреби во градот Сан Бернардино. Тие упаднале во локалот и отвориле оган од автоматско оружје. Загинаа 14 лица а беа повредени 21 .

Двајцата напаѓачи беа убиени. Засега не се познати причините поради кои го извршиле нападот.

Заменик-началникот на одделот на „ФБИ“ на САД во Лос Анџелес, Дејвид Боудич веќе изјавил дека бирото ја оценува трагедијата во Сан Бернардино како терористички акт.

Слично

Поврзани вести