Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот кај Москва

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот кај Москва

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот врз сообраќајната полиција крај Москва.

Двајцата напаѓачи беа убиени, а повредени се двајца полицајци. Терористичката организација  се огласи со изјава преку новинската агенција Амак.

„Двајца милитанти на „Исламската држава“ нападнаа руски полицајци во реонот Балашиха, источно од Москва" - се наведува во соопштението.

Рускиот истражен комитет информира дека двајца неидентификувани мажи вооружени со огнено оружје и секири ја нападнале сообраќајната полиција во близина на Москва. Едниот бил застрелан, а другиот бил убиен при обид да покаже вооружен отпор.

Во нападот се повредени двајца полицајци, од кои едниот - тешко.

Слично

Поврзани вести