Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава“ изгубила 30% од териториите

„Исламска држава“ изгубила 30% од териториите

Терористичката група „Исламска држава“ (ИД) загубила 30% од освоените територии за последната една година. Ова го соопшти заменик-државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

„Во моментов „ИД“ контролира со 30% помалку територии во Ирак, отколку пред една година, благодарение на активностите на меѓународната коалиција, на чело со САД“, изјавил Блинкен. Тој најавил дека за време на кампањата против терористите меѓународната коалиција извршила 7700 воздушни напади врз позициите на групата.

„Има резултат од воената кампања ... Во моментов ирачката влада се обидува да ја мобилизира војската за борба против „ИД“, изјавил заменик-државниот секретар.

Покрај тоа, коалицијата обезбедила безбедност на 85% од границите на Турција со Сирија. Останал еден мал дел, кој се уште е слабо контролиран и е користен од борците на „Исламска држава“ .

САД и нивните сојузници ги бомбардираат позициите на „ИД“ од август минатата година во Ирак и од септември минатата година во Сирија. Коалицијата ужива во поддршката на ирачките власти, но ударите во Сирија не се усогласени со Владата на оваа земја и се нанесуваат без резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Некои експерти ја одредуваат терористичката група како една од главните закани за светската безбедност. Таа се обидува да го шири своето влијание во Северна Африка на територијата на Либија. Според различни проценки „ИД“ контролира до 90 000 квадратни километри во Ирак и Сирија.

Слично

Поврзани вести