„Исламска држава” го покажа најмалиот војник
Застрашувачко видео за кое се тврди дека е дело на „Исламска држава" покажа мало дете како се заканува пред камера.
Момчето е на возраст под 10 години и е облечено во традиционална облека.
Со едната рака мавта со пиштол, а додека зборува, маж го охрабрува.
„Ние сме најмалите на калифатот, сакаме да одиме во Ирак и да се вклучиме во операциите"- вели малото момче, кое често погледнува кон мажот кој му зборува на англиски.
„Дејли Мејл" го објави споменатото видео, а од медиумите потсетија дека деца се појавувале и порано во пропагандните материјали на терористичката група. Во меѓувреме од рускиот Центар за примирјето меѓу завојуваните страни во Сирија соопштија дека терористичката група „Џебхат ан Нусра" егзекутирала свои членови и нивните семејства бидејќи одбиле да се борат.

