Исламистите зазедоа уште еден град во Ирак
Најмалку 19 ирачки полициски службеници загинаа во денешните судири со џихадистите од Исламската држава кои по денешните жестоки борби успеале да го заземат градот Ел Вафа во провинцијата Анбар, соопштува ирачката полиција.
Нападите врз Ел Вафа, град кој е оддалечен околу 45 километри од главниот град на Анбар, Рамиди, почнале во петокот во раните утрински часови.
Во последните судири во оваа област џихадистите од Исламската држава успеаа да заземат три големи градови западно од Рамиди, меѓу кои и Ел Вафа.
„Бевме затечени во полициската зграда. Исламската држава успеа да не обиколи. Да не пристигнеше војската на помош, најверојатно сега сите ќе бевме мртви“, истакнал претставник на локалните власти.
Слично
